Возењето на плин може да ви заштеди голема сума на пари. Едноставна пресметка тоа најдобро ќе го илустрира.

*пресметката е според цените на Макпетрол од 17.11.2017
Актуелните цени на горивата можете да ги видите на овој линк.

03-1Цена на бензин – УЛТРА 95+ Economy – 66,50 ден.
Цена на плин – УЛТРА LPG plus – 33,00 ден.
Разлика – 33,5 ден. на литар
Извозени километри: 10000
Просечна потрошувачка на возило (комбинирано): 7 литри на 100 км.

Потребно гориво (бензин) за 10000 км – 700 литри.
Потребно гориво (плин) за 10000 км – 900 литри.
*поради надомест на перформанси, при возење на плин потрошувачката е зголемена за 1,5 до 2%.

Ако користиме бензин како гориво – 700 x 66,50 = 46 550 ден.
Ако користиме плин како гориво – 900 x 33,00 = 29 700 ден.

Заштеда: 46 550 – 29 700 = 16 850 денари.
(за илустрација, на 26.02.2016 пресметаната заштеда беше 15 550 денари, односно висината на заштедата е во постојан тренд на пораст)

 

Останува уште да се одговорат најчесто поставуваните прашања:

goriva-temperaturi_na_palenje1. Дали возењето на плин е безбедно?

-Да, возењето на плин е всушност побезбедно во споредба со возење на бензин, бидејќи бензинот е далеку позапаливо гориво. Од друга страна, бензинот се чува во пластичен резервоар, додека плинот се чува во метален резервоар (боца), кој е атестиран и може да издржи висок притисок и силни удари.

 

2. Дали користењето на плин е штетно за моторот?

-Воопшто не, напротив возењето со плин како гориво го заштедува моторот. Октанската вредност на плинот е многу слична како и на бензинот, а ако сеуште сте скептични, постојат и специјални моторни масла за возила со плински уреди.

 

3. Дали возењето на плин ќе ги намали перформансите на возилото?

-Ова прашање има малку комплициран одговор. Кај секвенционалните системи (со дизни), мешавината на гориво и воздух ја регулира компјутер, па во зависност од начинот на кој возите, компјутерот балансира економична мешавина или мешавина која ќе овозможи подобри перформанси на возилото. Во основа, нема загуба на перформанси на возилото.

 

4. Колку ќе чини вградувањето на плински уред во моето возило?

-Во зависност од типот на возилото, опциите за плински уред се различни. Најдобро е да се обратите директно во нашиот сервис или да поставите прашање преку контакт формата на нашиот веб сајт или ФБ страна. Не заборавајте да ги наведите марката, моделот, годината на производство и работната зафатнина на моторот, како и email адреса и/или телефонски број за контакт.